Езерото Калиманци порибено со уште 500 килограми шаран од Тиквешкото Езеро. Ова е петто порибување во последните 3 години со кое Локалната Самоуправа прави напори во заживување на спортскиот риболов на оваа најголемо хидро-акумулационо езеро во источниот регион. Во Октомври минатата година ова езеро исто така беше порибено со крап кој по кажувањето на рибарите добро напредува и се мрести во водите на Калиманско езеро, што е знак дека водата во езерото е погодна за егзистенција на риба.
Пролетно порибување на Калиманско езеро
Патоказ на АЛФА ТВ за Македонска Каменица
Патописната репортажа ПАТОКАЗ на Алфа ТВ што ги обиколува сите општини во Македонија неодамна беше и во Македонска Каменица.
Погледнете што имаа да видат.
Dim lights Download Embed Embed this video on your site
Одбележан 7 Мај, Денот на полицијата
По повод 7 Мај, Денот на македонската полиција, вчера Градоначалникот на Општината м-р Дарко Митевски, претседателот на Советот - Драган Димитровски и Директорот на ЈП “Камениа Река“ - Драги Стаменковски остварија посета на локалната полициска станица во Македонска Каменица. Градоначалнокт Митевски ја искористи оваа пригода да им го честита празникот изразувајќи благодарност за нивната истрајност при вршење на должноста и притоа посочи дека граѓаните на Македонска Каменица се свесни дека нашите полицајци со нивната посветеност на чувањето на редот и законот, ја чуваат слободата и демократијата и го ценат ризикот со кој се соочуваат правејќи го тоа.
Асфалтирана улица Церска
Улицата “Церска“ што започна да се проширува и реконструира во ноември минатата година денеска конечно се асфалтира. По изготвениот технички проект и експропријацијата на приватното земјиште зафатено со оваа многу важна улица, градежните активности беа запрени заради лошите временски услови кон крајот на минатата година кои продолжија со голем интензитет со почетокот на градежната сезона оваа година.
ОХО Проект – Како да се стане ЕКО-училиште
ООУ “Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица работи на ОХО-Проектот од програмата Немаме резервна планета – Интеграција на еколошкото образовани во Македонскиот образовен систем – “Како да се стане ЕКО-училиште? “. Овој процес е сеопфатен па затоа се вклучени: целото училиште, наставниците, родителите, медиумите, локалната власт , комуналното претпријатие, бизнис заедницата и др.
Започна асфалтирањето на локалниот пристапен пат до Паламарска маала во село Тодоровци
Проектот вреден над дванаесет милиони денари е финансиран од Светска банка преку Агенцијата за државни патишта а изведувач е градежната фирма Гранит. Пристапниот пат е во должина од 2,6 километри и според планираното би требало да биде завршен до крајот на наредната недела.
Предадена во употреба новата зграда на месна заедница во Тодоровци
Денеска на големиот христијански празник Велигден кој исто така претставува и соборен празник на месното население во село Тодоровци, официјално беше пуштена во употреба новоизградената зграда за потребите на Месната заедница во селото.
Христос Воскресе – За многу години!
Воскресението Христово Велигден е најголемиот и најважниот празник во христијанската религија. Пред распетието Синот Човечки за време на Тајната вечера ја воспоставил евхаристијата, причестувањето со леб и вино кои ги симболизираат Христовото тело и крв пролеани за Новиот завет и спасението на човечкиот род.
Избор на најубаво украсено велигденско јајце
По повод најголемиот христијански празник, Воскресението Христово - Велигден, денес на Велики Петок пред платото на православниот храм “Успение на Пресвета Богородица“, општина Македонска Каменица организираше конкурс за избор на најубаво украсено велигденско јајце. Беа пријавени 17 прекрасно украсени велигденски јајца од кои комисијата за избор на најдобрите три имаше навистина тешка работа. Трите најубаво украсени јајца беа парично наградени со сума од 3000, 2000 и 1000 денари а победници се: Наташа Џевалекова – првонаградено јајце; Анка Ангеловска – второ наградено и Атанаска Јовановска како трето наградено велигденско јајце.
More Articles...
Page 1 of 9



























