Фотоволтаични системи за двете училишта и детската градинка во Македонска Каменица

На ЈОУДГ „Бамби“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во општина Македонска Каменица ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи. Средствата ги доделува Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги. Станува збор за грант од вкупно 2 милиони евра кои се обезбедени преку ИПА-компонентата на Европската Унија, а се наменети за…

Посета на првите новороденчиња во 2019 година

Градоначалничката Соња Стаменкова денес, ги посети семејствата новороденчињата од Македонска Каменица, сите родени на 1-ви Јануари во Новата 2019 година. Упатувајќи им честитки на семејствата, со желби за долг живот, добро здравје и многу среќа градоначалничката Стаменкова на новороденчињата им врачи вредносни чекови во износ од 10.000,00 денари, односно 20.000,00 денари за првороденото дете. Минатата…

Јавни набавки во 2019 година

Огласите официјално се објавени во Електронскиот систем  за јавни набавки на страната на Бирото за јавни набавки на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk Системот овозможува преглед на активни и завршени огласи. За полесно пребарување на огласите за Општина Македонска Каменица, во полето договорен орган треба да се внесе Општина Македонска Каменица, да се избере вид на договор за…

Градските улици и локални патишта интензивно се чистат од снег

  Градските улици и локалните патишта интензивно се чистат од снег   И во текот на денешниот ден интензивно се чистат од снег улиците во централното градско подрачје, како и локалните патишта кои водат до руралните средини. Екипи на Јавното претпријатие „Камена Река“ постојано се на терен и во функција се ставени сите расположливи возила…

Започна чистењето на снегот од улиците и тротоарите во Македонска Каменица

  Јавното претпријатие „Камена Река“ и економскиот оператор, кој според претходно спроведена тендерска постапка е задолжен за извршување на услуги за зимско одржување на патишта во Општината започнаа со чистење на улиците, тортоарите, пешачките патеки, улиците кон приградските средини и главните локални патишта до селските средини на територијата на општина Македонска Каменица. Мобилизирани се повеќе…