B Banica 201655Денес, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се одржа петтата по ред манифестација „Бабина баница 2016“. Повеќе од 8 000 посетители од Македонија, Бугарија и Србија имаа можност да пробаат од традиционално подготвена баница под вршник и селска манџа направена по традиционален македонски рецепт.

Огромен бенефит од оддржувањето на настанот имаше и локалниот угостителски сектор, кој според првичните пресметки продаде повеќе од 4 000 килограми прехранбени производи. На „Бабина баница 2016“ покрај делот од натпреварувачки карактер-подготовка на баница под вршник, на кој победи Здружението на пензионери од Штип и Карбинци, имаше и ревијална културна-уметничка програма, со настапи на повеќе секции од Здруженија на пензионери. Второто место на натпреварувачкиот дел го освоија гостите од Симитли, Бугарија, а трети беа пензионерите од Виница. Рекордната посета на годинашнава „Бабина баница“ е мотив плус за уште подобра организација и уште поголем број на гости за наредната година.
Организатор на манифестацијата е Здружението на пензионери од Македонска Каменица со поддршка на општина Македонска Каменица и останатите локални фирми и институции

B_Banica_201613.jpg B_Banica_2016148.jpg B_Banica_2016159.jpg B_Banica_2016201.jpg B_Banica_2016229.jpg B_Banica_201623.jpg B_Banica_201624.jpg B_Banica_20163.jpg B_Banica_201632.jpg B_Banica_20164.jpg B_Banica_20165.jpg B_Banica_201655.jpg B_Banica_201657.jpg B_Banica_201660.jpg B_Banica_201666.jpg B_Banica_201668.jpg B_Banica_201674.jpg B_Banica_201681.jpg DSC02493.jpg