СПОРТОВИ И СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

 

                Во Македонска Каменица се застапени традиционалните спортови, како фудбал, ракомет и кошарка. Во рамките на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски - Џингар“ постојат училишни спортски клубови, кои им овозможуваат на учениците да се занимаваат со спорт и спортски актвивности. Освен училишни клубови постојат и неколку граѓански здруженија, кои на организиран начин им овозможуваат на граѓаните на општина Македонска Каменица да се занимаваат со спорт. Општина Македонска Каменица веќе подолго време издвојува средства од општинскиот буџет наменети за финансирање на нивните програми.

 

ГОДИНА

ГРАЃАНСКО ЗДРУЖЕНИЕ

ИЗНОС НА СУБВЕНЦИЈА ВО ДЕН

2012

СРД „ШАРАН“

/

КК „БАСКЕТ КАМ“

40.000

ЗГ „АСТРА СПОРТ“

/

ФК „КАМЕНИЦА-САСА“

330.000

2013

СРД „ШАРАН“

185.000

КК „БАСКЕТ КАМ“

164.500

ЗГ „АСТРА СПОРТ“

/

ФК „КАМЕНИЦА-САСА“

540.000

2014

СРД „ШАРАН“

185.000

КК „БАСКЕТ КАМ“

270.500

ЗГ „АСТРА СПОРТ“

/

ФК „КАМЕНИЦА-САСА“

780.000

 

2015

СРД „ШАРАН“

200.000

КК „БАСКЕТ КАМ“

200.000

ЗГ „АСТРА СПОРТ“

60.000

ФК „КАМЕНИЦА-САСА“

720.000

 

2016

СРД „ШАРАН“

300.000

КК „БАСКЕТ КАМ“

300.000

ЗГ „АСТРА СПОРТ“

100.000

ФК „КАМЕНИЦА-САСА“

1.200.000

 

Најстариот спортски клуб на подрачјето на Македонска Каменица е фудбалскиот клуб „Рудар“, кој бил формиран на 12 Септември 1968 година, како дел од активностите на Рудникот „Саса“ за организирана спортско-рекреативна активност и организирано користење на годишните одмори. Прв претседател на ФК „Рудар“ бил Ангел Вренцовски, тогашниот директор на Рудникот „Саса“. Во 1969 година ФК „Рудар“ започнал да се натпреварува во Брегалничката фудбалска регионална лига, а веќе од фудбалската сезона 1979/80 година започнува да се натпреварува во Македонската фудбалска лига. Во 1970 година фудбалскиот клуб „Рудар“ бил преименуван во „Саса“. Во 1995 година, ФК „Саса“ се трансформира во Здружение на граѓани, а негов прв претседател е Венко Николов. Најголемо достигнување на ФК „Саса“ е освојувањето на шампионската титула во Македонската републичка фудбалска лига во 1992 година. Во 2009 година е формирано ново Здружение на граѓани „КАМЕНИЦА-САСА, кое управува со фудбалскиот клуб и кој денес се натпреварува во Трета македонска фудбалска лица - Исток. Фудбалскиот клуб своите натпревари и тренинзи ги оддржува на градскиот фудбалски стадион, кој е опремен со сопствени трибини со капацитет од 2.000 седишта. Фудбалската сезона 2014 - 2015 ја заврши со освоено седмо место. Негови најголеми спонзори се „РУДНИКОТ ЗА ОЛОВО И ЦИНК „САСА и Општина Македонска Каменица. Навивачите се наречени „Багери“.

Кошаркарскиот клуб  „БАСКЕТ КАМ“ се натпреварува во Младинската кошаркарска М14 и М16 лига.

На 28 - ми Август 2013 година во Македонска Каменица беше пуштено во употреба повеќенаменско игралиште, кое беше дел од проектот на Владата на Република Македонија „100 повеќенаменски маалски игралишта“. Игралиштето беше инвестиција на Агенцијата за млади и спорт и истото зафаќа површина од 1.100 метри квадратни,

На 23 - ти Февруари 2016 година беа поставени темелите на мултифункционалиот спортски објект „Куќа на спортот“ на источната страна од градскиот стадион во Македонска Каменица. Објектот зафаќа површина од 500 m2 во кои се вклучени современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, фитнес центар и канцелариски простории. Објектот е инвестиција на Општина Македонска Каменица вредна 300.000 евра. Комплементарно со останатите спортски објекти, „Куќата на спортот“ ќе им овозможи на сите граѓани на Македонска Каменица да го оддржуваат и развиваат своето телесно здравје, а на помладите генерации ќе им овозможи можност да успеат во спортот на национално ниво.

На 13 - ти Јуни 2015 година на Калиманско езеро беа промовирани водените спортови веслање во исправена положба (stand - up paddling) и едрење на даска (windsurf). Настанот беше во организација на Културно - информативниот центар „Романса“, Спортско - риболовното друштво „Шаран“ и Општина Македонска Каменица, а водените спортови пред локалното население ги презентира здружението на граѓани „Аква - Тера“ од Скопје. Настанот беше посетен од десетици љубопитни граѓани, кои го тестираа веслањето во исправена положба и едрењето на даска. Настанот го нагласи потенцијалот на Калиманско Езеро за развој на водените спортови, а воедно ги врати спомените за кану - клубот кој постоел во 90 - тите години во Македонска Каменица.

На ден 23.04.2016 година (Сабота) во општина Македонска Каменица се одржа меѓуопштински натпревар во „Детски Семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“.

Учествуваа основните училишта „Ванчо Прке“ и „св. Килимент Охридски“ од Делчево и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица.

Повеќе...