fShare
0

На ден 23.04.2016 година (Сабота) во општина Македонска Каменица се одржа меѓуопштински натпревар во „Детски Семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“.

Учествуваа основните училишта „Ванчо Прке“ и „св. Килимент Охридски“ од Делчево и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица.

Прво место екипен пласман освои ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица а во поединичен пласман беа доделени награди од прво до трето место во машка и женска конкуренција во мала и голема група.

Натпреварот во Сообраќајно техничка култура на младите се одржа помеѓу СОУ Миле Јаневски Џингар од Македонска Каменица и СОУ Методи Митевски Брицо од Делчево. И овде првото место му припадна на домаќините а во поединечен пласман беа доделени награди од прво до трето место. Менторите на екипите на двете натпреварувања беа соодветно наградени за постигнатиот успех на своите екипи.

Доделените награди беа од облааста во безбедноста на велосипедидтите во сообраќајот а главен покровител на настамот беше Општината и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица.

IMG_3664.JPG IMG_3671.JPG IMG_3707.JPG IMG_3723.JPG IMG_3763.JPG IMG_3771.JPG IMG_3823.JPG IMG_3839.JPG IMG_3842.JPG IMG_3845.JPG IMG_3847.JPG IMG_3848.JPG IMG_3851.JPG IMG_3852.JPG IMG_3854.JPG IMG_3856.JPG IMG_3858.JPG IMG_3859.JPG IMG_3860.JPG IMG_3862.JPG IMG_3863.JPG IMG_3864.JPG IMG_3865.JPG IMG_3867.JPG IMG_3868.JPG IMG_3869.JPG

fShare
0