fShare
0

Врз основа на член 4, став 1 и член 8 став 1 од Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти („Службен весник на РМ" бр.66/04, 55/07, 145/10, 136/11, 163/13 и 147/2015),член 36 став 1 точка 15, а во врска со член 22 став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа самоуправа („Службен весник на Република Македонија" бр. 5/2002) и член 21 од Статутот на општина Македонска Каменица ("Сл.Гласник на општина Македонска Каменица" бр.4/05) врз основа на утврдената Листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Македонска Каменица, Советот на општина Македонска Каменица на седницата одржана на 16.06.2016 година, донесе:

ОДЛУКA

за промена на имиња на улици и определување нови имиња на улици во општина Македонска Каменица

Член 1

Co оваа Одлука во општина Македонска Каменица се врши преименување на улици кои веќе имаат определено име и се врши именување на улици на кои името им е определено со работен број, врз основа на утврдена Листа на имиња од Владата на Република Македонија а усвоена од Советот на Општина Македонска Каменица со Одлука бр.07-1020/2 од 10.10.2008 година.

1.     Улицата „Маршал Тито" се преименува во улица „Александар Македонски"

2.     Улицата „Првомајска" се преименува во улица „Самоилова"

3.     Улицата „4 - ти Јули" се преименува во улица „8 - ми Септември"

4.     Улицата „Методи Митевски Брицо" се преименува во улица „28 - ми Август"

5.     Улицата со работен број 1 се именува во улица „11 -ти Октомври"

6.     Улицата со работен број 2 се именува во улица „Филип Втори"

7.     Улицата со работен број 4 се именува во улица „Пере Тошев"

8.     Улицата која започнува од ул. „Долна Река" и води до КП број 754 (улица „Кејска") се именува во улица „Методи Андонов Ченто"

 

Член 2

Co промена на името на улицата се менува само името на улицата, a матичниот број останува ист веќе упишан во електронскиот регистар.

Член 3

Промената на имињата на улиците од член 1 на оваа Одлука ќе биде извршена во електронската евиденција која што ја води општината.

Член 4

По донесувањето на Одлуката од страна на Советот на општина Македонска Каменица истата ќе биде доставена до Централниот регистар на Република Македонија за да се изврши упис на податоците во електронскиот регистар во рок од 15 дена од денот на доставувањето.

Член 5

За извршената промена во електронската евиденција Општината ќе ги информира граѓаните за настанатите промени преку средствата за јавно информирање, на огласната табла во Општината и на веб страната на Општината.

Член 6

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен гласник на Општина Македонска Каменица".

 

fShare
0