fShare
0

IMG 6047
Општина Македонска Каменица е лидер во државата по социјални мерки за ученици. Покрај организираната целодневна настава, Општината доделува и паричен надоместок за исхрана за ученици од многудетни семејства и ученици од социјално загрозени семејства. За таа цел донесен е посебен Правилник за начинот, условите и висината на надоместокот за користење на исхрана.

Денес, градоначалникот на општина Македонска Каменица д-р Дарко Митевски беше во посета на Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“, каде со скромен подарок на новите првачиња им го честиташе влегувањето во училишните клупи и им посака многу успеси во учењето.

 

И годинава продолжува трендот на раст на бројот на нови првачиња и запишани се речиси дваесет нови ученици повеќе во споредба со минатата година.
„Годинава се запишани околу 80 првачиња, што во споредба со минатите години е значителен раст. Тоа е факт кој радува и се надеваме дека за неколку години повторно ќе имаме повеќе од 100 нови првачиња во училишните клупи“ - изјави градоначалникот д-р Дарко Митевски.

IMG_6022.jpg Градоначалникот во посета на новите првачиња Градоначалникот во посета на новите првачиња Градоначалникот во посета на новите првачиња Градоначалникот во посета на новите првачиња Градоначалникот во посета на новите првачиња Градоначалникот во посета на новите првачиња

fShare
0