fShare
0

logoЈП “Камена Река ” од почетокот на оваа недела актовно работи на поставување на нова фекална канализациона мрежа во Карадачко маало со што се надеваме во целост ќе го решавање на овој долгогодишен проблем со кој секојдневно се соочуваат граѓаните од овој дел на Македонска Каменица.

Покрај овие градежни активости, Јавното комунално претпријатие активно работи на промена на веќе дотраените корпи за отпадоци со нови како и монтирање на корпи за отпадоци на повеќе нови локации кои се со поголема фреквенција на минувачи во централното градско подрачје. Како надоврзување на ова, од Јавното претпријатие најавуваат и потставување на нова урбана опрема како клупи за седење пред објектите за колективно стамбено домување, објектите од јавен карактер и други фреквенти места, но и други активности кои ќе следуваат во следниот период, со цел поголема функционалност и разубавување на градот.

  1.jpg Нова урбана опрема за Градот Нова урбана опрема за Градот Нова урбана опрема за Градот Нова урбана опрема за Градот Нова урбана опрема за Градот Нова урбана опрема за Градот Нова урбана опрема за Градот

fShare
0