Врз основа на член 35 став 3 од од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/2014, бр.44/2015, бр.193/2015, бр.31/2016,163/2016) и член 38 од Статутот на општина М. Каменица ( Сл. гласник на општина М. Каменица бр. 4/05), Градоначалникот на општина Македонска Каменица го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

                За организирање на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог детален урбанистички план за блок 13, КО Каменица (плански период 2017-2022) за град Македонска Каменица со површина од 15,30 ха во следниот урбан опфат :

  • Осовина на улица Церска;
  • Западна граница на КП 3793;
  • Граница на плански опфат по ГУП;

односно опфатот западно од улица Церска до граница на плански опфат, мв. Ливада.

Јавната анкета истовремено ќе се спроведува и во електронска и во писмена форма.

Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам, а јавната анкета во писмена форма се спроведува со излагање на планот на јавно место во просториите на општината.

ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ќе се одржи на ден 31.08.2017 година во просториите на општина Македонска Каменица (сала за состаноци) со почеток од 12:00 часот;

Jавната презентација воедно ќе претставува и почеток на ЈАВНАТА АНКЕТА а истата ќе трае 16 работни дена, односно заклучно со 22.09.2017 година.

Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Предлог детален урбанистички план за блок 13, КО Каменица (плански период 2017-2022) за град Македонска Каменица ќе биде изложен на Огласна Табла на Општина Македонска Каменица и на web страната на општината а подетални информации во врска со истиот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам во општина Македонска Каменица.

Во споменатиот период може да се доставуват писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета можат да се подигнат од просториите на Општината – одделение за урбанизам како и во електронскиот систем е-урбанизам во определениот рок.          

Општина

Македонска Каменица

Градоначалник

Дарко Митевски

IMG 8289Врз основа на Правилник за правото и начинот на користење на бесплатен превоз донесен од страна на Советот на општина Македонска Каменица , заведен под број 08-1905/1 од 10.10.2016 година, Градоначалникот на општина Македонска Каменица го распишува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК зА користење на бесплатен превоз за жителите од селските средини

Се известуваат граѓаните жители на селата: Моштица, Саса 1 и Саса 2, Луковица, Косевица, Костин Дол, Цера 1 и Цера 2, Дулица и Тодоровци, дека согласно Правилник за правото и начинот на користење на бесплатен превоз заведен под број 08-1095/1   од 10.10.2016 година може да користат басплатен јавен превоз. Бесплатниот јавен превоз може да го користат следните категории на граѓани:

  •  -       Пензионери
  • -       Лица корисници на социјална парична помош
  • -       Лица корисници на постојана парична помош
  • -       Хендикепирани лица

Заинтересираните лица треба да ги достават следните документи:

Повеќе...