Bitmap in BrosurkaОпштината Македонска Каменица се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија во подножјето на Осоговскиот масив. На исток граничи со општина Делчево, на југ со општина Виница на запад со општина Кочани а на север со општина Крива Паланка и државната граница со Република Бугарија. Зафаќа вкупна површина од 189 км2.

Географската положба на Македонска Каменица е добра, бидејќи преку неа поминува патот што ги поврзува источните со централните делови на републиката. Тука поминува трансверзалната патна линија што се одвојува кај Велес и преку Штип, Кочани и Македонска Каменица продолжува кон Делчево и преминот кај Македонско - Бугарската граница.LokacijaMKD

Според географската положба, климата во Македонска Каменица е особено пријатна со умерени температурни разлики и врнежи. Климата во повисокиот дел е изразито планинска и се одликува со долги и снежни зими и куси свежи лета. Македонска Каменица е со надморска височина од 520м. Средна годишна температура од 11 степени Целзиусови. Во Македонска Каменица и околината ретко се задржуваат снежните покривки. Најтопли се летните денови, посебно август, а најстудени се во јануари. Пролетта е постудена од есента. Врнежите се нерамномерни.

Општината е составена од 9 населени места од кои 8 се рурални и тоа: Тодоровци, Луковица, Костин Дол, Косевица, Моштица, Дулица, Саса и Цера и градот Македонска Каменица како општински центар.

населено место

површина ( км2 )

надморска височина

жители

Аграрна структура на атарот (ha)

обработ. земјиште

пасишта

шуми

вкупно

Македонска Каменица

14,3

540

5147

396

138

742

1276

Тодоровци

6,9

620

235

196

82

181

459

Луковица

8,0

600

269

364

164

244

772

Костин Дол

13,6

990

116

305

263

704

1272

Косевица

14,8

865

240

434

346

605

1385

Моштица

24,0

875

543

571

446

1278

2295

Дулица

23,6

700

305

751

396

963

2110

Саса

46,1

1020

876

961

1782

2565

5308

Цера

27,9

940

379

690

532

1124

2346

вкупно/ просечно

179,2

794,4

8110

4668

4149

8406

17223

Географски карактеристики на теренот на општината.