fShare
0

Најстари жители биле Пеонците, кои имале држава со своја администрација. Во овие краеви се доселило словенско племе Струмјани кои кон крајот на IV век до средината на IX век ја створиле Стримонската Склавинија. Во II - та Балканска војна во овој крај владеела болеста чума која била донесена од војниците. Од таа болест населението се исплашило и избегало од населбата и се населило во периферијата на Македонска Каменица, а тоа е случај и со подрачните села Луковица и Косевица, изградувајќи живеалишта направени од плет и кал и покриени со слама .Населбите биле од повеќе маала кои биле оддалечени од центарот. Денес во Македонска Каменица живее македонско население.

 Според последниот попис на населението од 2002 година во општината Македонска Каменица живеат вкупно 8110 жители. Во поглед на етничката структура скоро 98% од населението се Македонци а останатите 2% отпаѓаат на други национални малцинства. Речиси подеднаква е застапеноста на населението во поглед на половата структура.

Вкупно

Македонци

Срби

Роми

Бошнаци

Останати

8110

8055

24

14

8

9

 

полова структура на населението

старосна структура на населението

 

до 18

18 - 65

над 65

Мажи

4254

1162

2084

288

Жени

3856

1148

2371

337

Вкупно

8110

2310

5175

625

fShare
0