fShare
0

Sonja Stamenkova lr

СОЊА СТАМЕНКОВА

 ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

 БИОГРАФИЈА 

 

Соња Стемнкова е родена на единаесети февруари 1968 година во село Саса како прво од четирите деца на рударското семејство - Стаменкови, од татко рудар и мајка домаќинка.

Основно училиште до четврто одделение посетува во подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во родното село а потоа продолжува во Основното учулиште „Кирил и Методиј“ во рударската населба Македонска Каменица каде што посетува и две години насочено средно образование – насока биологија и хемија во средното училиште „Методи Митевски Брицо“.

Од 1984 до 1986 година го посетува средно медицинското училиште - Вељко Влаховиќ во Штип и добива звање медицинска сестра како што ѝ работи од 1987 до 2006 година во јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица.

Во периодот од 2009 до 2012 година студира Психологија на факултетот за општа психологија на Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе каде се здобива со титулата дипломиран психолог, а од 2010 до 2014 година посетува тренинг по Гешталт Психотерапија во Гешталт Центар-Младен Костиќ во Скопје кој е првиот европски акредитиран тренинг институт за Гешталд психотерапија во Македонија.

Од 2006 до 2017 година работи како медицинска сестра во приватната здравствена установа „Др. Драги Фамили Медика“ во Македонска Каменица.

fShare
0