fShare
116

IMG 1286Денес Градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова одржа работна средба со Директорот на ЈЗУ Центарот за јавно здравје - Кочани - Др Магдалена Манасиева и инжинерот за животна средина Васил Пендевски вработен во Центарот. На средбата се потенцира одговорноста што Центарот за јавно здравје ја има во решавањето на проблемите во општините околу дезинскцијата, дезинфекцијата и дератизацијата (ДДД) во смисла заштита на населението од заразни болести.

Центарот за јавно здравје како надлежна институција ја изготвува програмата за заштита на населението од заразни болести која се усвојува од страна на Советот на општините а нема надлежност во нејзина реализација.

Од овие причини, Центарот за јавно здравје побара поддршка од Општините за вршење на надзор при спроведување на Дезинскција – прскање против возрасни комарци, Дезинфекција на јавните објекти и површини и Дератизација на канализационите шахти против наезда на глодари и други штетници.

Исто така се потенцира дека ЈЗУ Центарот за јавно здравје - Кочани треба технички и кадровски да се доекипира за да може беспрекорно да одговори на потставените задачи - заштита на населението од заразни болести.

IMG_1286.jpg IMG_1288.jpg IMG_1289.jpg IMG_1290.jpg

fShare
116