fShare
179

neal stevenskonГрадоначалниокот на општина Македонска Каменица - Соња Стаменкова денес во својот кабинетот оствари работна средба со генералниот директор на Рудник Саса – Neal Robert Stevenson.

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу најголемиот економски двигател во регионот и локалната самоуправа како и можностите за нејзино проширување.

Директорот Stevenson ја искажа својата посветеност на проблемите со кои се сретнува локалната самопуправа и нагласи дека „Рудник Саса“ како и секогаш досега ќе одговори позитивно на барањата на Општината кога станува збор за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во Македонска Каменица. Младите се иднината на оваа општина и затоа мораме да посветиме поголемо внимание на оваа таргет група. Спремни сме да инвесатираме во реконструкција на Градскиот стадион бидејќи спортот позитивно делува врз развојот на младите. Тука сме да помогнеме и во подобрувањето на здравството, образованието, културата и социјалата. Ќе овозможиме поддршка на сите институции и организации кои преку Општината ќе произнесат иницијатива за подобрување или проширување на своите дејности нагласи тој.

fShare
179