fShare
0

IMG 2222Во организација на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Македонска Каменица спроведена е кампањата „И оваа година безбедноста има предност - 2018 година најбезбедна до сега“ во чии рамки учениците од 3та и 4та година од СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ ги напишаа своите желби за побезбеден сообраќај во 2018 година, со цел зголемување на свеста на возачите за безбедно учество во сообраќајот.

Нашата желба, нашето мото, нашата цел е 2018 година да биде најбезбедна досега. Да се намали бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди,  е желба на  сите граѓани – на  сите учесници во сообраќајот.  

За оваа желба да стане реалност потребна е поголемa  лична и колективна свест и одговорност.  Секој поединечно и сите заедно можеме да го направиме сообраќајот да биде безбеден и сигурен.  Од нас самите зависи, од нашата култура , од нашата желба,  толеранција, дисциплина. Од тоа колку ќе ги почитуваме сообраќајните правила и прописи. Последиците од сообраќајните незгоди се премногу сериозни за да  бидеме комотни во сообраќакјот, затоа  во 2018 година бидете позитивен пример и дајте го својот придонес за побезбеден сообраќај.

IMG_2174.JPG IMG_2175.JPG IMG_2176.JPG IMG_2182.JPG IMG_2197.JPG IMG_2201.JPG IMG_2205.JPG IMG_2206.JPG IMG_2207.JPG IMG_2214.JPG IMG_2215.JPG IMG_2216.JPG IMG_2217.JPG IMG_2218.JPG IMG_2219.JPG IMG_2220.JPG IMG_2222.JPG IMG_2224.JPG IMG_2229.JPG IMG_2230.JPG IMG_2234.JPG IMG_2237.JPG

fShare
0