fShare
0

IMG 2144По одлуката на Советот на Општината за промена на Правилникот за исплата на парични средства за новородено дете донесена по иницијатива бр.08-1795/1 од 01.12.2017 каде секое првородено дете во годината на територијата на општина Македонска Каменица наместо досегашните 6.000 денари ќе добива вредносен чек од 20.000 денари, а останатите новороденчиња кои досега добиваа по 3.000 денари, отсега ќе добиваат по 10.000 денари.

Оваа чест и задоволство оваа година му припадна на Марко Спасевски кое е првото новороденче во 2018 година на територијата на општина Македонска Каменица. По тој повод Градоначалникот на општина Македонска Каменица Г-ѓа Соња Сатменкова на неговата мајка Г-ѓа Катерина Спасевска и врачи чек во износ од дваесает илјади денари.

IMG_2143.JPG IMG_2144.JPG IMG_2145.JPG

fShare
0