fShare
1

Одделението за финансиски прашања и администрирање на даноци ги врши работите што се однесуваат на:

  • следење и примена на законските и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално - финансиско работење;
  • управување, следење и контрола на состојбата и движење на средствата и изворите на средствата на Општината утврдени со буџетот;
  • подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот за Општината;
  • подготвување на стратешки план на Општината;
  • измена и дополнување на буџетот и стратешки план на Општината;
  • спроведува ex - ante и ex - post финансиска контрола;
  • подготовка на финансиски план за одобрување за извршување на буџетот и извршување на буџетот на Општината;
  • изготувањето на финансиски извештај за извршување на буџетот (месечен, квартален и годишен) за субјекот, органите во состав и единките - корисници на субјектот;
  • следење на остварувањето на приходите и расходите на субјектот;
  • сметководствено и материјално работење, благајничко работење, подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;
  • пресметување на плата на вработените во субјектот;
  • други работи од областа на финансикото управување и контрола;
  • подготовка на Годишен финансиски извештај, освен извештајот за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија кој го подготвува одделението за внатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај, согласно член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
  • сметководствено евидентирање и подготовка на годишна сметка;
  • администрирањето на локалните даноци и комуналните такси;
  • изготвува и врши достава на решенија за данок на имот, наследство и подарок, данок на промет и комунални такси до даночните обврзници;
  • наплата на такси и други давачки согласно законот;
  • даночно книговодство и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот на Општината.

Во Одделението за финансиски прашања должностите ги извршуваат следниве административни службеници:

Адмиистративен службеник  Работно место контакт телефон 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Советник –Одговорен сметководител, во Одделението за финансиски прашања 033- 432 741 лок. 111
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Соработник за администрирање со даноци, такси и надоместоци 033- 432 741 лок. 115
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Референт за евиденција на приходи и присилна наплата 033- 432 741 лок. 120
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Референт - даночен извршител 033- 432 741 лок. 121
fShare
1