Одделението за внатрешна ревизија ги врши работите што се однесуваат на:

  • процена на усогласеност на работењето на субјектот во согласност со законите, подзаконските, интерните акти и договори;
  • темелна процена на функционирањето на системот за внатрешна контрола;
  • оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на раководното лице на субјектот за намалување на факторите за ризик;
  • проверка на точноста, комплетноста и законитоста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи на субјектот;
  • процена на економичноста, ефикасноста и ефективноста на работењето и користењето на средствата во дефинирана област на активности или програми на субјектот;
  • темелна проценка на работењето на информативно технолошките системи;
  • процена на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, процена и управување со ризиците;
  • давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување;
  • изготвување на извештаи од извршените ревизии;
  • следење на спроведување на мерките преземени од раководителот на субјектот од јавниот сектор врз основа на препораките дадени во ревизорските извештаи;
  • изготвување на упатство за работа и повелба за внатрешна ревизија;
  • информирање на раководното лице на субјектот за постоење на конфликт на интереси при извршување на ревизорската задача;
  • известување до раководното лице на субјектот и лицето задолжено за известување за неправилности, за сите неправилности или сомнежи за измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;
  • изготвување на годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија;
  • изготвување на план за обука на внатрешните ревизори и следење на нивна имплементација и
  • други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно законите и другите прописи.

Во Одделението за инспекциски надзор должностите ги извршува административниот службеник

Адмиистративен службеник  Работно место контакт телефон 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Помлад соработник – Внатрешен ревизор на обука 033- 432 741 лок. 113