АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

organization chart at munucipality of Makedonska Kamenica

ЛИСТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПО ОДДЕЛЕНИЈА

  1. Одделение за правни и општи работи и јавни дејности

Одделението за правни и општи работи и јавни дејности ги врши следните работи:

  • изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот;
  • дава мислење на актите од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;
  • ги спроведува јавните набавки во општината;
  • архивско работење и административно технички работи;
  • врши стручни и организациски работи за функционирање на Советот и на неговите тела, како и на Градоначалникот;
  • дава правна помош по одредени работи за општината;
  • ги информира корисниците на услугите за полесно остврување на нивните права;
  • работи од канцелариското работење кое опфаќа прием, отварање, евиденција и испраќање на актите на органите на општинта;
  • дактилографски работи;
  • секретарски работи за Градоначалникот;
  • работи за возниот парк и други технички работи (одржување на хигиена и достава на пошта);
  • врши информатичко технички работи;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Во ова одделение се вработени следниве административни службеници:

    1. Анета Темчева – Раководител на одделение за правни и општи работи и јавни дејности
    2. Миран Митревски – Соработник – систем администратор
    3. Васко Десподовски – Соработник за организациони работи, информирање и односи со јавноста
    4. Марија Спиридонова – Соработник за правни работи и седници на совет
    5. Виктор Ристовски – Помлад соработник за заштита, спасување и управување со кризна состојба и безбедност и здравје при работа
    6. Никица Крстевска – Помлад соработник за правни и општи работи
    7. Гоце Ангелов – Самостоен референт – информатичар
    8. Марина Стојановска – Самостоен референт – техничка секретарка 
    9. Јасминка Ѓоргиевска – Референт за административно документациони работи
    10. Емилија Тодорова – Референт за административно документациони работи
    11. Роза Стоименовска – Референт за упатување на странки/граѓани

Вработени кои вршат помошно – технички работи

  1. Јоцо Стоилов – Курир
  2. Љубинка Ѓорѓиевска– Курир
  3. Трајчо Тодоров – Возач
  4. Блашка Соколова – Хигиеничар
  5. Силвана Стоименовска – Хигиеничар
  6. Дивна Стоименовска – Хигиеничар

 

  1. Одделение за финансиски прашања

Одделението за финансиски прашања ги врши следните работи:

    • подготвување на буџетот и завршната сметка на буџетот;
    • подготвување на финансиски план за извршување на буџетот (квартален и годишен);
    • подготвување на квартални извештаи за извршување на буџетот;
    • следење на остварувањето на приходите и извршување на расходите;
    • сметководствено евидентирање на извршувањето на буџетот;
    • благајничко работење;
    • води евиденција за имотот на општината
    • работи на материјално-финансиските работи;
    • работи на администрирање на даноците и комуналните такси;
    • други работи доверени од Советот и Градончалникот.

Во ова одделение се вработени следниве административни службеници:

    1. Сања Митревски – Советник -одговорен сметководител
    2. Ивана Наумовски – Соработник за материјално и финансиско водење на сметководство
    3. Драган Ѓорѓиевски – Соработник за администрирање со даноци, такси и надоместоци
    4. Симона Захариевска – Соработник за материјално и финансиско водење на сметководство
    5. Весна Стојчева – Референт за евиденција на приходи и присилна наплата
    6. Борис Максимов – Референт – даночен извршител
    7. Зоран Јангеловски – Референт за евиденција на приходи и присилна наплата

 

3.Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и локален економски развој

Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и локален економски развој ги врши следните работи:

  • изработува и реализира програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општината;
  • изработува и реализира програма за изградба, одржување и заштита на локалните патишта и улици;
  • изработува и реализира програма за јавното осветлување на подрачјето на општината;
  • ги следи состојбите и организира изградба, реконструкција и оддржување на јавното зеленило, фонтаните, дрворедите и друга комунална опрема поставена на улиците и на другите јавни површини;
  • врши други работи доверени од Советот и Градоначалникот.

Во ова одделение се вработени следниве административни службеници:

    1. Здравко Мирчев –  Раководител на Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и локален економски развој
    2. Добри Јаневски – Советник за планирање на локален економски развој
    3. Марија Јовановска – Советник за локален развој на индустриска зона и управување со градежно земјиште
    4. Александра Димоска Ангеловска – Советник за урбанистичко планирање
    5. Симона Петрова – Соработник за комунални дејности
    6. Јован Митревски – Соработник за уредување на градежно земјиште
    7. Драги Стаменковски – Самостоен референт за комунални работи
    8. Владко Стојков – Референт за геодетски работи

 

4. Одделение за внатрешна ревизија

Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи:

  • врши внатрешна ревизија во општината и во јавните служби кои ги основа општината, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии;
  • подготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрување на градоначалникот го обезбедува неговото спроведување и следење;
  • доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до градоначалникот и советот на општината;
  • изготвува годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
  • врши оценување на значајни фактори на ризик и давање совети на градоначалникот за намалување на факторите на ризик;
  • дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;
  • ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
  • ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските акти и актите на органите на општината.

Во ова одделение се вработени следниве административни службеници:

 

  1. Одделение за управување со човечки ресурси

Одделението за управување со човечки ресурски ги врши следните работи:

  • Води селекција и постапка за вработување во општинската администрација;виктор
  • Воведување во работа на ново вработените;
  • Мотивација и односи со вработените;
  • Обука и стручно усовршување на општинската администрација;
  • Персонална и кадровска евиденција;
  • Се грижи за спроведување на законите за унапредување на човечките ресурси и води грижа за правична застапеност на заедниците;
  • Предлага политики за управување со човечките ресурски во општината;
  • Предлага Програма за обука на државните службеници и води евиденција на обуките;
  • Соработува со Агенцијата за државни службеници.

Во ова одделение се вработени следниве административни службеници

    1. Весна Дончевска – Соработник за обуки и персонална евиденција

 

  1. Територијална противпожарна единица

Територијалната противпожарна единица на општина Македонска Каменица ги врши следните работи:

  • Изготвување на планови и програми за заштита на лица, имот и добра од пожари;
  • Организирање на противпожарна заштита
  • Гаснење на пожари;
  • Одржување и употреба на уреди, опрема и средства за гаснење на пожари;
  • Спасување на животи на граѓани и заштита на имоти загрозени од пожари и експлозии;
  • Укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
  • Извршување на други работи при несреќи и непогоди;

Сподели

Остави коментар