Информации од јавен карактер

 

УПАТСТВО ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

 

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека Oпштина Македонска Каменица, согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл.весник на Рм.бр.13/2006-86/2008-6/2010-42/14) ја определи:

Анета Темчева– вработена во општинската администрација на Општина Македонска Каменица на работно место – Раководител на Одделение за правни и општи работи и јавни дејности.

Мобилен Tелефон: 070-298-214

Телефон: (033) 432-741 локал 131

e-mail:  aneta.temceva@makedonskakamenica.gov.mk

и ја овласти за службенo лицe задолжен за посредување при остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на Oпштина Македонска Каменица.

Листата на информации од јавен карактер кои општината ги поседува е достапна  до јавноста преку:
– огласна табла  во општината и
– преку веб страната; www.makedonskakamenica.gov.mk

Потребно е да поднесете барање за пристап до информации од јавен карактер кое можете да го симнете во PDF или MS Word формат.

Во случај овластеното службенo лицe задолжено за посредување при остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на општина Македонска Каменица да не Ви излезе во пресрет, Согласно член 28 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер можете да поднесете жалба која исто така можете да ја сименте во PDF и MS Word формат.

ЛИСТА

На информации од јавен карактер од општина Македонска Каменица за 2022 година кои се достапни за граѓаните согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

                                                                                                Општина Македонска Каменица

Сподели

Остави коментар