Општина Македонска Каменица од денес има нов градоначалник

Новиот градоначалник на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и советниците од новиот состав на Советот на општина Македонска Каменица, денес свечено ги добија уверенијата за вршење на функциите во нивниот четиригодишниот мандат.

На оваа свеченост што се одржа во општинските простории, претседателката на Општинската изборна комисија

Сања Митревска, им честиташе на изборот и им порача да работат што поефикасно во исполнувањето на проектите што се од интерес на сите граѓани на општина Македонска Каменица.

Во новиот состав доминантни се советниците од СДСМ и коалицијата кои освоија 6 советнички мандати и за прв пат ќе претставуваат политичко мнозинство во Советот на општина Македонска Каменица.

Денес уверение за извршување на функцијата доби и Соња Стаменкова, новиот градоначалник на општина Македонска Каменица. Од денес и официјално започнува да тече нејзиниот четиригодишен мандат. Во своето свечено обраќање до членовите од новиот Совет на општината, присутните гости на овој свечен чин и до сите граѓани на Македонска Каменица, меѓу другото таа ја истакна својата благодарност за огромната поддршка од граѓаните на Македонска Каменица. Огромната поддршка од граѓаните претставува моја обврска која ќе ме насочи кон работа за доброто на сите граѓани изјави новиот градоначалник на општина Македонска Каменица.

По добивањето на уверенијата за работа останува да се одржи и конститутивна седница на Советот, на која ќе бидат избрани претседателот, комисиите и другите органи на Советот на Општината.

 

gradonacalnik

Сподели

Остави коментар