Советот на Општината го усвои предлогот на градоначалничката Соња Стаменкова за намалување на таксите за фирмарина

Советот на Општината го усвои предлогот на градоначалничката Соња Стаменкова за намалување на таксите за фирмарина

На предлог на градоначалничката Соња Стаменкова, Советот на општина Македонска Каменица  на последната 32 Седница го намали надоместокот за истакнување на фирма и целосно го укина плаќањето за закуп на простор, како една од мерките за помош за надминување на кризата предизвикана со епидемијата од коронавирусот.

Како што изјави градоначалничката Соња Стаменкова, за сите фирми, подружници и трговци поединци износот кој го плаќаат за истакнување на фирма (фирмарина) се намалува за една третина. Додека оние кои користат јавни површини за поставување маси и столови, како и пристапен простор до објектите, воопшто нема да плаќаат надоместок за 2020 година.

Градоначалничката Соња Стаменкова упати благодарност до членовите на Советот на општина Македонска Каменица за едногласно донесената Одлука за намалување на давачките за трговските субјекти. Додавајќи дека, општина Македонска Каменица ќе ги разгледува и во рамки на своите надлежности ќе одлучува и за останатите барања со кои дополнително ќе го олесни работењето и функционирањето на фирмите и стопанствениците од Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар