ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Предмет: Барање

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 20 март со почеток од 15:30 часот, се одржа
состанок на Кризниот штаб на општина Македонска Каменица за спречување и
ширење на заразата со вирусот Ковид – 19.

На состанокот беше разгледана моменталната состојба предизвикана од
појавата на Ковид – 19 во нашата држава. Исто така, од страна на МВР беше
соопштена инфомацијата за бројот на лица во самоизолација на територијата на
општина Македонска Каменица и моменталните прилики при спроведувањето на
јавниот ред и мир во вонредни услови.

Во согласност со мерките и препораките на Влада на Република Северна
Македонија, на состанокот беа донесени неколку препораки и заклучоци меѓу кои
и: сите правни субјекти со соодветна логистика на територија на општината да
достават листа на лични капацитети од аспект на механизација, опрема,
просторен и човечки потенцијал во функција на поддршка на активностите во
услови на вонредна состојба, поради корона вирусот.

Врз основа на наведениот заклучок, Ве задолжуваме најдоцна во рок од 48
часа од денот на доставувањето на барањето до општина Македонска Каменица
(на e-mail: gradonacalnik@makedonskakamenica.gov.mk или во писмена форма на
пријавница) да доставите информација за ресурсите со кои Вие располагате и
можете да ги отстапите на располагање на Кризниот штаб без надомест.

Однапред Ви се заблагодаруваме за соработката во овие кризни моменти и
вонредна состојба.

Со почит,

Градоначаник
Соња Стаменкова

 

 

Сподели

Остави коментар