Месец: September 2018

Започна реконструкцијата на кошаркарското игралиште во училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“

Општина Македонска Каменица започна со реконструкција на спортскиот терен и простор во училишниот двор од СОУ „Миле Јаневски – Џингар“. Проектот опфаќа поставување на…
Се асфалтираат повеќе пристапни патишта во село Луковица

Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на градежни активности, кои се дел од програмата предвидена за уредување и асфалтирање на пристапните патишта во селските…
Асфалтирањето на пристапни патишта во село Моштица е во завршна фаза

  Општина Македонска Каменица во рамки на своите овластувања врши асфалтирање на пристапни патишта – кракови во село Моштица со вкупна должина од 375 метри. Асфалтен пат со ширина од 3,5 метри и тампониран дел со ширина од 5 метри ќе добијат жителите на Моштица од маало Ваинци со 75 метри должина, Бунар 110 метри должина, Бабанец 100 метри должина и до Селото ќе води асфалтен пат со должина од 90 метри.  Изведувач на работите е „Стоименов“ ДООЕЛ – Кочани, вкупна вредност на проектот со кој трајно се решава проблемот поврзан со пристапен пат до овие маала во село Моштица е 2.326.062 денари. По завршувањето на овие пристапни патишта (кракови) во село Моштица, општина Македонска Каменица продолжува со асфалтирање на пристапни патишта на територијата од останатите селски средини.