ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник во Општина Македонска Каменица Општина Македонска Каменица објавува Интерен оглас за унапредување на 1(еден) административнен  службеник на работно место УПР0101В01000 – Советник за локален развој на индустриска зона и управување со градежно земјиште, во одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и локален економски развој

Врз основа на член 30 став 1 точка 2 и став 3  и член 48 став 4 од Законот за административни службеници(„Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 127/2016, 142/2016,142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на “Република Северна Македонија“ бр.143/2019, 14/20, 215/2021 и 99/2022) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот спроведување на административна селекција и интервјуто како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас(„Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2015 и 35/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.303/20), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација во Општина Македонска Каменица со архивски број. 09-425/1 од 22.02.2016 година, Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Македонска Каменица со архивски број 09-758/1 од 10.04.2018 година, Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Македонска Каменица со архивски  број 09-357/1 од 06.02.2019 година, Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Македонска Каменица со архивски број 09-334/1 од 06.02.2020 годинаПравилникот за измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Македонска Каменица со архивски  број 09-1119/1 од 08.07.2021 година, Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Македонска Каменица со архивски број 09-1329/1 од 19.07.2022 година, Општина Македонска Каменица објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2022
За унапредување на 1(еден) административен службеник
во Општина Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица објавува Интерен оглас за унапредување на 1(еден) административнен  службеник за следните работни места:

 

  1. УПР0101В01000,Советник за локален развој на индустриска зона и управување со градежно земјиште, во одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животна средина и локален економски развој, 1(еден) извршител;
  • Општи услови

-да е државјанин/ка на Република Северна Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен/а;

-да има општа здравствена способност за работното место и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење професија,дејности или должност. 

  • Посебни услови за работното место под точка еден(1) утврдени со актот за систематизација се:

*Ниво на стручни квалификации VI А степен според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240  кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1, Градежништво и водостопанство или Индустриско инженерство и менаџмент ;

Овластување за управување со градежно земјиште во сопстевност на Република Северна Македонија, согласно Законот за градежно земјиште

*најмалку три години работно искуство во струката;

  • Посебни работни компетенции за работното место:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија(англиски,француски,германски);

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

  • Потребни општи работни компетенции на средно ниво за работно место

-решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-учење и развој;

-комуникација;

-остварување на резултати;

-работење со други/тимска работа;

-стратешка свест;

-ориентираност кон клиенти/засегнати страни;

-финасиско управување

  • Распоред на работното време:

Неделно работно време од понеделник до петок,работни часови неделно 40 а дневното работно време е 8(осум) работни часа (07.30часот-15.30часот);

  • Платата за работно место е во паричен нето износ од 26566,00 денари ;
  • На интерниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Општина Македонска Каменица, кој ги исполнуваат општите и посебните услови и работни компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво согласно Законот за административни службеници и во Правилникот за систематизација на работните места во Општина Македонска Каменица.

Административниот службеник треба да ги исполнува следните услови:

-да е оценет со оцена “А“ или “Б“ при последото  оценување на кое бил оценуван;

-да е на работното место на непоредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

-да поминал најмалку две години на истото ниво

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас;

Заитерисираниот административен службеник,поднесува пополнета Пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку Архивата на Општина Македонска Каменица и до службената електронска адреса на Општина Македонска Каменица: opstina@makedonskakamenica.gov.mk.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:

-потврди за успешно реализирани обуки и/или

-потврди за успешно реализирано менторство.

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае пет(5) дена од денот на објавување на огласот на web страната на Општина Македонска Каменица и на Агенцијата за Администрација. Ненавремена, нецелосно и неуредно пополнета пријава ке биде отфрлена.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

Согласно измената на Годишниот план за вработување за 2022 година на општина Македонска  Каменица со архивки број:04-1478/1 од 16.08.2022 година работното место треба да биде пополнето со лице од македонската етничка заедница

НАПОМЕНА: Кандидатот/ката кој/а ќе достави лажни податоци во пријавата или се утврди дека доставил/а лажни податоци,ќе биде дискалификуван од натамошната постапка по овој Оглас.

 

                                                                        ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

            ГРАДОНАЧАЛНИК

Димчо Атанасовски

Сподели

Остави коментар