Новости

      Заменик градоначалникот на општина Невестино – Р. Бугарија Јордан Глогов во придружба со општинскиот градежен инжинер – Људмил Стојанов, архитектот – Маја Кожухарова и геодетот – Темјанушка Стефанова денеска остварија работна средба во кабинетот на градоначалникот Соња Стаменкова во Македонска Каменица. Двете општини подготвуваат заедничка апликација со предлог проект по Вториот повик на Интеррег-ИПА прекугранична…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ги известуваме жителите на м.в. Павлишдол дека поради отклонување дефект на трафостаница,од службите на “ЕВН Македонија” не информираа дека денес 13 април,како и во наредните два дена (14 и 15 април) уличното осветлување нема да биде во функција. Ви благодариме на разбирањето. Општина Македонска Каменица

Изградба на улица Пере Тошев

Започна изградба на улица во централното градско подрачје на Македонска Каменица.Улицата “Пере Тошев”(крак од улица “Осоговска”) е во должина од 140 метри со тротоари од 1.5 метри. Цената на договорот за изградба на оваа улица е 2.024.388,50 денари. Во овој дел од централното подрачје започнува и изградбата на паркинг простор со површина од 1.590 м2,со…

Работен состанок во Куманово

Работен состанок во Куманово заедно со колегите градоначалници од пограничните плански региони од Македонија и од Бугарија со цел формирање Асоцијација на општини од обете земји. Асоцијацијата ќе придонесе за подобрување на соработката меѓу општините од двете страни на границата, особено во насока на поттикнување на економската соработка и размена на искуства во европските интеграции.…