Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за село Луковица

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11), Градоначалникот на Општина Македонска Каменица

ОРГАНИЗИРА

Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за село Луковица, општина Македонска Каменица

  1. Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за Урбанистички план за село Луковица, општина Македонска Каменица.
  2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина може да се разгледа во просториите на општина Македонска Каменица секој работен ден од 8 – 16часотпочнувајќи од 07.12.2023 до 07.01.2024 година.
  3. Консултцијата со јавноста ќе се одржи на ден 25.12.2023 годинаво општина Македонска Каменица, со почеток во 10.30 часот.
  4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Македонска Каменица во рок од 30 дена на јавен увид.
  5. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина или истите можете да ги испраќате на е-маил: opstina@makedonskakamenica.gov.mk или по пошта на следната адреса: Општина Македонска Каменица, ул. Каменичка бб, 2304 Македонска Каменица.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Градоначалник

Димчо Атанасовски

SEA – UPS Lukovica Nacrt

Сподели

Остави коментар