Во рамки на своите надлежности, општина Македонска Каменица започна со градежни активности на локалниот пат село Цера-Македонска Каменица. Се поставуваат пропусти и се градат потпорни ѕидови на потегот од маала Гергинци до месноста Побиен Камен во село Цера, а во наредниот период ќе бидат прочистени и канавките на овој пат. Вакви активности ќе бидат извршени…

СРЕДБА СО НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

Денес, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалникот Соња Стаменкова оствари прва работна средба со новите претседатели на Месни заедници. Најпрвин им го честиташе изборот, а ги претстави и проектите и програмските активности кои ќе бидат реализирани во наредниот период. На новите претседатели им беше укажано дека сите предлози од нивните месни заедници можат да…

НОВИ ДЕКОРАТИВНИ ЗИМЗЕЛЕНИ ДРВЦА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Денес, на неколку локации во централното градско подрачје во Македонска Каменица се засадуваа нови декоративни зимзелени дрвца. Во оваа акција, покрај општинската администрација и вработените во ЈП „Камена Река“ учествуваа и вработени и ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Засадени се околу 400 садници во дворот на средното училиште, кај споменикот на Вера Јоциќ, пред…

Потребни формулари за аплицирање за стипендии до општина Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица објави Конкурс за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти за учебната/студиска 2017/2018 година. Пријавувањето на Конкурсот започна од вчера (26.03.2018) и ќе трае 15 работни дена. Сите потребни информации за конкурсот се на следниов ЛИНК. Формуларите кои ви се потребни за апликација за стипендија се во…

Општина Македонска Каменица објавува Конкурс за доделување стипендии за ученици и студенти

К О Н К У Р С за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2017/2018год. Општина Македонска Каменица за учебната, односно студиската 2017/2018 година ќе додели 20 стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица од кои:…