Јавен повик за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани

Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:

 ЈАВЕН ПОВИК

  1.  Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2023 година и согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година, упатува Јавен повик до сите заинтересирани спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани, за доставување барање за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2024 година.
  2. Јавниот повик се однесува за спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани чие седиште е на територијата на Општина Македонска Каменица.Сите заинтересирани правни субјекти од точка 1 кои сакаат нивните активности да бидат финансиски поддржани од Буџетот на Општина Македонска Каменица, потребно е да достават барање до Општина Македонска Каменица.
  3. .Со барањето Спортските клубови и спортски здруженија, кои ќе се пријават на јавниот повик кон пријавата треба да достават:
  • тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал);
  • решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт (копија);
  • годишна програма за работа во тековната година;
  • извештај за искористени средства од Општина Македонска Каменица за претходната година (доколку користеле средства);
  • листа со спортските успеси кои ги постигнале во последните две години, поткрепена со докази;
  • листа на регистрирани членови на спортски клубови и здруженија за тековната натпреварувачка година;
  • официјален годишен билтен за учество во национален систем на натпревари во последните две натпреварувачки години.

*Правни лица во областа на спортот кои ќе се пријават на јавниот повик за да организираат спортски манифестации на територијата на Општина Македонска Каменица кон пријавата треба да достават:

  • тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал);
  • програма и финансиски план за реализација на спортска манифестација;
  • извештај за искористени средства од Општина Македонска Каменица за претходната година (доколку користеле средства).

 

  1. Здруженијата на граѓани кои ќе се пријават на јавниот повик кон пријавата треба да достават:
  • тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал);
  • решение за упис во Регистарот на здруженија и фондации (копија);
  • годишна програма за активности во тековната година;
  • извештај за искористени средства од Општина Македонска Каменица за претходната година (доколку користеле средства);
  • профил на организацијата со листа на досега реализирани проекти;
  • предлог-проект;
  • изјавa од одговорното лице на здружението дека за истиот проект нема одобрено или добиено финансиски средства од други институции или организации.

Пријавата и потребната документација се доставува до архивата на Општина Македонска Каменица, по пошта или во електронска форма.

Пријавата и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака ,,Не отварај* и со назнака ,, за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот,,.

Пријавата се доставува во еден примерок кој треба да биде потпишан од одговорното лице на пријавениот.

Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk со назнака ,,за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот,,.

            Рокот за пријавување изнесува 7 дена од денот на објавата на повикот.

Општина Македонска Каменица

Градоначалник

Димчо Атанасовски

Сподели

Остави коментар