Врз основа на член 9,а во согласност со член 5 од Правилникот за доделување на стипендии на талентирани ученици во основно и средно образование запишани во општинските и државни училишта и на талентирани студенти запишани на државните универзитети бр.09-2184/1 од 25.10.2024 година (“Службен гласник на општина Македонска Каменица” бр.42/2024), Комисијата за разгледување на пријави за доделување на стипендии формирана со Решение на Градоначалникот бр.04-2946/2 од 17.11.2025 година, постапувајќи по поднесените пријави по распишаниот конкурс бр.04-2946/1 од 14.11.2025 година и утврдената ранг листа ја донесе следната:
За доделување на стипендии
Член 1
Право на користење на стипендија во траење од 10 месеци имаат следните лица подносители на пријави за добивање на стипендија:
1. За основно образование
– Марија Стоименовска ученик во девето одделение во ООУ”Св.Кирил и Методиј”-Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Миа Паунова ученик во девето одделение во ООУ”Св.Кирил и Методиј”-Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Ема Димитровска ученик во девето одделение во ООУ”Св.Кирил и Методиј”-Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Викториа Алексовска ученик во осмо одделение во ООУ”Св.Кирил и Методиј”-Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Каја Малчовска ученик во осмо одделение во ООУ”Св.Кирил и Методиј”-Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Тамара Таскова ученик во девето одделение во ООУ”Св.Кирил и Методиј”-Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Јована Стоиловска ученик во девето одделение во ООУ”Св.Кирил и Методиј”-Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Јана Петровска ученик во осмо одделение во ООУ”Св.Кирил и Методиј”-Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Леонид Гоцевски ученик во девето одделение во ООУ”Св.Кирил и Методиј”-Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Јулијана Ивановска ученик во осмо одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,,- Македонска Каменица во висина од 3.000, денари.
– Нела Митевска ученик во осмо одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,,-Македонска Каменица во висина од 3.000, денари.
- За средно образование
– Марко Милчевски ученик во III-ри клас во ДСУ„ Математичко-информатичка гимназија“- Скопје во висина од 3.000,00 денари.
– Михаела Стојковска ученик во IV-ти клас во СОУ “Миле Јаневски-Џингар”- Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Елена Стоименовска ученик во II-ти клас во СОУ “Миле Јаневски-Џингар”- Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Марио Стефановски ученик во II-ти клас во СОУ “Миле Јаневски-Џингар”- Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Милена Спиридонова ученик во III-ри клас во СОУ “Миле Јаневски-Џингар”- Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Евгенија Лазаревска ученик во IV-ти клас во СОУ “Миле Јаневски-Џингар”- Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Матеј Алексовски ученик во III-ти клас во СОУ “Миле Јаневски-Џингар”- Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
– Лука Ивановски ученик во II-ти клас во СОУ “Гошо Викентиев”- Кочани во висина од 3.000,00 денари.
– Наталија Стојковска ученик во III-ти клас во СОУ “Миле Јаневски-Џингар”- Македонска Каменица во висина од 3.000,00 денари.
Член 2
Со именуваните лица од член 1 на оваа Одлука Градоначалникот на општина Македонска Каменица ќе склучи Договор во кој ќе бидат регулирани правата и обврските на начинот на користењето на стипендијата.
Член 3
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.
Комисија за разгледување на пријави по
распишан конкурс за доделување на стипендии
1.Никица Крстевска
2.Александра Ѓорѓиевска
3. Данче Гоцевска
4.Злате Алексовски
5.Адријана Пауновска Спасевска
Честитки до сите наградени ученици, но како активен ученик во овој образовен систем, морам да упатам јавен приговор на оваа листа.
Прво, каде е јавно достапната ранг-листа со поени? Одлука за ‘талентирани ученици’ не се носи со обичен список на имиња, туку со транспарентно бодирање на награди од државни натпревари и олимпијади. Недозволиво е деца со медали и меѓународни успеси да бидат одбиени, додека се примаат кандидати без наведени критериуми за нивниот ‘талент’.
Второ, конкретно за средно образование: под реден број 1 е наведен Марко Милчевски како ученик во III година во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) во Скопје. Јас учам во истата таа гимназија, во истата таа генерација, и одговорно тврдам дека не сум знаел дека има дете од Каменица кое учи со мене со тоа име. Како е можно на листата да се најде име на ученик кој не учи во тоа училиште?
Барам итен увид во бодовната листа и проверка на веродостојноста на пријавите. Стипендиите за таленти треба да завршат кај оние што навистина со труд и знаење ја претставуваат нашата општина, а не кај ‘деца на некој’ само заради врски.