Стапка на даноци и такси во општина Македонска Каменица

Стапката на данок на промет во општина Македонска Каменица ѐ утврдена врз основа на член 22 став 1 и 2 од Законот за даноците на имот (Сл. Весник на Р. Македонија бр.61/04…23/16) а ѐ во согласност со Одлуката за изменување на одлуката за утврдување на висината на стапките на даноците на имот за подрачјето на општина Македонска Каменица Бр. 07-731/1 од 24.11.2005 год. и истата на подрачјето на општина Македонска Каменица изнесува 3% од утврдената пазарна вредност на предметната недвижност.

Стапката на данок на имот во општина Македонска Каменица  ѐ утврдена врз основа на член 3 од Законот за даноците на имот (Сл. Весник на Р. Македонија бр.61/04…23/16) а ѐ во согласност со член 1, став 1, точка А од Одлуката за утврдување на висината на даноците на имот за подрачјето на општина Македонска Каменица (бр.07-xxx/1 од xx.xx.20xx г.) и истата на подрачјето на општина Македонска Каменица изнесува 0.10% од утврдената пазарна вредност на предметната недвижност.

Стапката на данок на наследство и подарок во општина Македонска Каменица ѐ утврдена врз основа на член 16 од Законот за даноците на имот (Сл. Весник на Р. Македонија бр.61/04…23/16) а  ѐ во согласност со член 1, став 1, точка Б од Одлуката за утврдување на висината на даноците на имот за подрачјето на општина Македонска Каменица (бр.хх-хх/1 од хх.хх.20хх г.) и истата на подрачјето на општина Македонска Каменица изнесува 3% за обврзник од втор наследен ред и 5% за обврзник од трет наследен ред или обврзник кој не ѐ во сродство со оставителот.

Висината на комуналните таски што се плаќаат за користење на определени права, предмети и услуги од јавен интертес од локално значење, од страна на правните и физичките лица кои вршат дејност и од граѓаните на општина Македонска Каменица и начинот на постапката за невната наплата врз основа на член 20 од законот на комунални такси (Сл. Весник на Р. Македонија бр.61/04, член 36 и 62 од Законот за Локална Самоуправа ( Службен весник на РП бр. 5/2002) ѐ во согласност со Одлуката со бр. 07-739/1 донесена од Советот на општина Македонска Каменица на 24.11.2005 година и изнесува:

·         деловни простории за физичките лица кои вршат дејност 1500 денари
·         деловните простории на физичкк лица кои вршат дејнос го плаќаат во паушален износ 500 денари
·         деловните простории на трговските друштва и дјругите правни лица од областа на производството, прометот и услугите освен за продавници, киосци, деловни единици и слично за кои таксата изнесува 2.000,оо денари 6000 денари
·         деловни простории на правни лица од комуналните дејносјности 3000 денари
·         деловни простории на трговските друштва и другите правнилица, како и на откупните пунктови кои дејствуваат повремено 3000 денари

Комуналната такса се плаќа во годишен износ, Градоначалникот на општина Македонска Каменица на обврзникот на таксата му издава Решение за висината на комуналната такса.

Надоместокот за користење на просторот пред деловните простории се плаќа по m2 дневно и тоа:

·         во централното градско подрачје и прва зона 10 денари
·         во врора зона 7 денари
·         во третра зона 5 денари

Наплатата на таксата ја врши органот надлежен за издавње Одобрение за вршење на дејност и ја уплатува на соодветната уплатна сметк, трезорската сметка на Општината.

За истакнување co реклами, објави и огласи на јавни места се плаќа такса и тоа:

·         до 7 дена 600 денари
·         до 30 дена 1000 денари
·         до 1 година 1500 денари

 

За користење музика во јавни локали годишно се плаќа такса од 5000 денари

 

За поставување витрини за изложување на стоки надвор од деловните простории се плаќа такса годишно и тоа:

·         За физички лица кои вршат дејност 1000 денари
·         За правни лица од областа на производството, промемтот и услугите 2000 денари

 

·         За користење на градскиот плоштад и дуг простор во грaдот за изложување на предмети, приредување на изложби, забавни приредби и игри, луна парк и друго се плаќа по m2 дневно 5 денари

Наплатата на таксата ја врши органот, надлежен за издавање на одобрение за изложување на предмети, приредување на изложби, забави и приредби и игри, луна парк и друго и ја уплатува на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка на општината.

Физичкото или правното лице за добивање на одобрение за некое од погоре споменатите права и услуги потребно е да поднесе барање таксирано согласно Законот за Административни такси со следниве документи:

  • доказ од трговски регистар за вршење на дејноста (Решение и образец 3)
  • доказ за сопственоста на деловниог простор во кој ја врши дејноста или Договор за закуп.

Во барањето да наведе кое право, услуга или предмет сака да користи, за  кој период и во која количина (површина)

Органот надлежен за издавње на одобрението е должен да посттапи по барањето во рок од 15 дена по поднесувдњето.

За издавање на Одобрението барателот е должен да ја плати административната такса согласно Законот и да го плати износот на комуналната такса во висина утврдена co овој тарифник на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка на општината.

За користење на просторот за паркирање на моторни возила се плаќа такса и тоа:

·         За паркирање и гаражирање на патнички возила на јавни паркиралишта дневно 20 денари
·         За паркирање и гаражирање на товарни моторни возила и автобуси дневно 50 денари

Наплатата за таксата ја врши правното лице на кое му е доверено организирањето и одржувањето на паркинг-плацот и ја уплатува на соодветната сметка во рамките на трезорската сметка на општината.

За користење на улиците co патнички, товарни моторни возила, автобуси спеcијални возила и моторцикли ќе се плаќа такса

·         за патнички возила до 1000 кубика 50 денари
·         за патнички возила од 1000 до 1300 кубика 80 денари
·         за патнички возила од 1300 до 1500 кубика 100 денари
·         за патнички возила од 1500 до 1800 кубика 300 денари
·         за патнички возила над 1800 кубика 500 денари
·         за товарни возила по тон носивост 100 денари
·         за автобуси и други возила што служат за превоз на патници 500 денари
·         за специјални возила 50 денари
·         за сите видови мотоцикли 50 денари

Наплатата на таксата ја врши органот надлежен за возила и ја уплатува на соодветна уплатна сметка во рамките сметка на општината

Сподели

Остави коментар