Слаткаристика ќе настапи на новогодишниот дочек во Македонска Каменица

Македонска Каменица ќе ја дочека Новата 2027 година со голема прослава на Градскиот плоштад, на која главна музичка ѕвезда ќе биде популарниот македонски изведувач Марко Маринковиќ – Слаткаристика.

По две децении успешна музичка кариера, бројни хитови, распродадени концерти и настапи пред илјадници посетители, Слаткаристика за првпат ќе биде дел од централната новогодишна прослава во Македонска Каменица.

Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ за новогодишните и божиќните празници подготвуваат низа културни и забавни настани, наменети за граѓаните од сите генерации.

Централниот настан ќе се одржи на Градскиот плоштад, каде со настапот на Слаткаристика ќе биде одбележан дочекот на Новата 2027 година.

Комплетната празнична програма, со деталите за сите планирани настани, ќе биде дополнително објавена.

Сподели

Остави коментар