Завршено поставувањето на атмосферската канализација на улица „Македонска“

Општина Македонска Каменица продолжува со активности за подобрување на комуналната и патната инфраструктура во градското подрачје.

На улица „Македонска“ е завршено поставувањето на атмосферската канализација, со што е реализирана значајна фаза од инфраструктурното уредување на оваа улица.

Со новиот систем се создаваат услови за поефикасно прифаќање и одведување на атмосферските води, намалување на нивното задржување на коловозот и подобра заштита на патната инфраструктура.

Паралелно со завршувањето на овој зафат, во тек е изработката на проектната документација за реконструкција на улицата, која предвидува поставување нов асфалт и изградба на тротоари.

По комплетирањето на проектната документација ќе биде распишана јавна набавка за реализација на предвидените градежни активности.

Со ваквиот пристап, Општина Македонска Каменица работи на обезбедување долгорочни инфраструктурни решенија, подобри услови за пешаците и побезбеден сообраќај.

Општината останува посветена на континуирани инвестиции во модернизација на комуналната и патната инфраструктура, во интерес на сите граѓани.

Сподели

Остави коментар