Започна изградбата на јавно осветлување на паркингот кај ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Во рамки на проектот за унапредување на комуналната инфраструктура во Македонска Каменица, денес започна изградбата на јавно осветлување на паркингот помеѓу ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и паркот на Рудари.

Градежните активности на оваа локација претставуваат продолжение на проектот за изградба на јавно осветлување, чија реализација започна на 7 ноември 2026 година на улицата „28 Август“.

Со реализацијата на проектот ќе се обезбедат подобра осветленост на јавните површини, поголема безбедност за пешаците и учесниците во сообраќајот, како и подобри услови за користење на паркинг-просторот во вечерните часови.

Проектот се реализира согласно спроведената постапка за јавна набавка по оглас бр. 16051/2026, а изведувач на работите е „Епилк Електрон“ од Македонска Каменица.

Целосното завршување на проектот се очекува до средината на декември 2026 година.

Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот и безбедноста на граѓаните.

Сподели

Остави коментар