Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните, институциите, граѓанските организации и сите заинтересирани страни дека на 15 октомври 2026 година, во Штип, ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, во рамки на Источниот плански регион.
Јавната расправа има за цел запознавање на јавноста со предложените плански решенија, како и овозможување активно учество во процесот на просторно планирање преку доставување мислења, предлози, забелешки и сугестии.
Датум: 15 октомври 2026 година (четврток)
Време: 11:00 часот
Место: Сала на Советот на Општина Штип

Центарот за развој на Источниот плански регион ги повикува претставниците на единиците на локалната самоуправа, институциите, стручната јавност, граѓанските организации, засегнатите страни и сите заинтересирани граѓани да земат активно учество во јавната расправа.
Општина Македонска Каменица ги охрабрува своите граѓани и сите заинтересирани субјекти да се вклучат во процесот и со своите предлози и сугестии да придонесат кон планирањето на одржлив, рамномерен и функционален просторен развој на регионот и државата.
Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 е достапен на следниот линк: