Согласно Законот за користење на податоците од јавниот сектор, институциите и органите од јавниот сектор имаат обврска, во рамките на своите технички можности, да објавуваат податоци што ги создаваат и располагаат при извршувањето на своите надлежности, со цел тие да бидат достапни за слободно користење од страна на јавноста.
Податоците треба да бидат објавени не само во читлив формат, туку и како необработени податоци во компјутерски обработлив и отворен формат, заедно со соодветните метаподатоци, на најниско можно ниво на деталност.
Со објавувањето на отворените податоци се овозможува нивно повторно користење, анализа и понатамошна обработка, со што се придонесува кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и достапноста на информациите од јавен интерес.
| Назив на податочен сет | XLSX | CSV |
|---|---|---|
| Членови на совет во општина Македонска Каменица |