УПАТСТВО ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека Oпштина Македонска Каменица, согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл.весник на Рм.бр.13/2006-86/2008-6/2010-42/14) ја определи:
Анета Темчева– вработена во општинската администрација на Општина Македонска Каменица на работно место -Советник за управување со човечки ресурси
Мобилен Tелефон: 070-298-214
Телефон: (033) 432-741 локал 131
e-mail: aneta.temceva@makedonskakamenica.gov.mk
и ја овласти за службенo лицe задолжен за посредување при остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на Oпштина Македонска Каменица.
Листата на информации од јавен карактер кои општината ги поседува е достапна до јавноста преку:
– огласна табла во општината и
– преку веб страната; www.makedonskakamenica.gov.mk
Потребно е да поднесете барање за пристап до информации од јавен карактер кое можете да го симнете во PDF или MS Word формат.
Во случај овластеното службенo лицe задолжено за посредување при остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на општина Македонска Каменица да не Ви излезе во пресрет, Согласно член 28 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер можете да поднесете жалба која исто така можете да ја сименте во PDF и MS Word формат.
ЛИСТА
На информации од јавен карактер од општина Македонска Каменица за 2022 година кои се достапни за граѓаните согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер
- Буџет на општината
- Статут на општина Македонска Каменица
- Правилник за систематизација на работните места во општинската админситрација на општина Македонска Каменица
- Деловник на Совет на општина Македонска Каменица
- Службени гласници на општината во која се објавени
- Сите акти донесени на седниците на Советот на општината
- Генерален урбанистички план
- Детален урбанистички план
- Урбанистичка документација за селските населени места во општината
- Техничка документација за изградба на инфраструктурни објекти во Општината
- План за јавни набавки за тековната година
- ЛЕАП за Македонска Каменица
- ЛЕР за Македонска Каменица
- Други информации утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
- Годишниот извештај за спроведување на ЗСПИЈК за 2022 година
Општина Македонска Каменица