АКТИВНОСТИ

Завршено поставувањето на атмосферската канализација на улица „Македонска“

Општина Македонска Каменица продолжува со активности за подобрување на комуналната и патната инфраструктура во градското подрачје. На улица „Македонска“ е завршено поставувањето на атмосферската канализација, со што е реализирана значајна фаза од инфраструктурното уредување на оваа улица. Со новиот систем се создаваат услови за поефикасно прифаќање и одведување на атмосферските води, намалување на нивното задржување…

Општина Македонска Каменица ги повикува иселениците да испратат видео порака за „Ден на дијаспората 2026“

Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ ги повикуваат сите наши сограѓани кои живеат и работат во странство, како и сите пријатели на нашата општина, да испратат кратка видео порака која ќе биде прикажана во рамки на манифестацијата „Ден на дијаспора 2026“. Видео пораките треба да бидат со времетраење до 20 секунди и да ги…

Соопштение: Во ноќта помеѓу 15 и 16 јули ќе се спроведе третото терестрично прскање против комарци

Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во ноќта помеѓу 15 и 16 јули 2026 година, во периодот од 22:00 до 02:00 часот, ќе се спроведе третото терестрично прскање против комарци на подрачјето на Општина Македонска Каменица. Третманот ќе се изврши на површина од 200 хектари, согласно Договорот за јавна набавка за терестрична апликација за…

Општина Македонска Каменица ги повикува граѓаните на првата форумска сесија: Вашите идеи ќе одлучуваат за проекти вредни 30.000 американски долари

Почитувани сограѓани, Општина Македонска Каменица доби можност да биде дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, во чии рамки ќе организира Форуми на заедницата, како демократска алатка преку која ќе се слушнат мислењата, идеите и предлозите на граѓаните. Од форумскиот процес очекуваме токму вие да предложите и да ги изберете проектите што…

Граѓаните на Македонска Каменица преку форумски процес ќе избираат приоритетни проекти

Општина Македонска Каменица е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, во чии рамки преку Форумите во заедницата граѓаните ќе имаат можност да предлагаат, да ги разработуваат, а потоа и да изберат проекти од важност за заедницата. Првата форумска сесија е закажана за среда, 8 јули 2026 година, со почеток во 09:30…