
Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ ги повикуваат сите наши сограѓани кои живеат и работат во странство, како и сите пријатели на нашата општина, да испратат кратка видео порака која ќе биде прикажана во рамки на манифестацијата „Ден на дијаспора 2026“.
Видео пораките треба да бидат со времетраење до 20 секунди и да ги содржат следните информации:
- Име и презиме и државата во која моментално живеете или работите;
- Што најмногу Ви недостига од Македонска Каменица;
- Поздрав до посетителите на „Ден на дијаспора 2026“ или до посетителите на манифестацијата „Каменичко културно лето 2026“.
Видео пораките можете да ги испратите на e-mail адресата goran.iliev@makedonskakamenica.gov.mk или преку Viber и WhatsApp на телефонскиот број +389 75 951 964.
Ги повикуваме сите наши иселеници да бидат дел од оваа убава иницијатива и преку својата порака да испратат поздрав до своите сограѓани и да покажат дека, без разлика каде живеат, Македонска Каменица секогаш останува нивниот дом.
„Каде и да сте во светот – на Денот на дијаспората сте дома.“