Општина Македонска Каменица информира дека, преку „Проектот за имплементација на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, се обезбедени четири нови контејнери за собирање мешан отпад што може да се рециклира. Контејнерите се веќе поставени во близина на старата месна заедница и претставуваат значаен чекор кон подобра селекција и правилно управување со отпадот на локално ниво. Општина Македонска Каменица ги повикува граѓаните совесно да селектираат и правилно да го депонираат отпадот во новопоставените контејнери, со цел заеднички да придонесеме кон почиста и поздрава животна средина.
Општина Македонска Каменица
Сектор за јавни дејности