СООПШТЕНИЕ: ВО НОЌТА ПОМЕЃУ 18 И 19 ЈУНИ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ТЕРЕСТИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во ноќта помеѓу 18 и 19 јуни 2026 година, во периодот од 22:00 до 02:00 часот, ќе се спроведе терестично прскање против комарци на подрачјето на Општина Македонска Каменица.

Третманот ќе се изврши на површина од 200 хектари, согласно склучениот договор за јавна набавка за терестична апликација за уништување на возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција), при што ова претставува прво прскање предвидено за 2026 година.

Третманот ќе го спроведе ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со употреба на соодветен инсектицид одобрен за оваа намена.

Се апелира до сите пчелари на подрачјето на Општина Македонска Каменица навремено да ги преземат потребните заштитни мерки за заштита на пчелните семејства за време на третманот и непосредно по неговото завршување.

Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови.

Општина Македонска Каменица продолжува со активности насочени кон заштита на јавното здравје и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Сподели

Остави коментар