Јавен повик за финансиска поддршка на лица со попреченост и семејства на лица со попреченост

Врз основа на Правилникот за начинот на остварување на право на еднократна парична помош на лица со попреченост кои живеат на територијата на Општина Македонска Каменица бр.08-1901/1 од 27.09.2023 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

            Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски упатува Јавен повик до лица со попреченост и семејства на лица со попреченост кои живеат на територијата на Општина Македонска Каменица, за доставување на барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2024 година.

За остварување на финансиската помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2024 година, до Општина Македонска Каменица потребно е да се достават следните документи.

– Барање за остварување на правото на еднократна парична помош;

– Изјава за користење на личните податоци;

-Фотокопија од важечка лична карта;

-Фотокопија од извод од матична книга на родените или венчаните како доказ за сродство;

-Потврда за жителство;

-Наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченост и посебните потреби на лица со попреченост;

-Наод и мислење на Службата за функционална потреба (МКФ);

-Потврда дека лицето остварува право на надоместок заради попреченост врз основа на конзилијарно мислење;

-Друга медицинска документација која може да послужи како доказ дека лицето ги исполнува условите од член 5 на Правилникот;

-Фотокопија од трансакциска сметка.

Јавниот повик се однесува за лица жители на Општина Македонска Каменица.

Потребната документација може да се достави до Архива на Општина Македонска Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk во рок од еден месец сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.

 

Јавен повик за финансиска поддршка на лица со попреченост и семејства на лица со попреченост

 

 

Сподели

Остави коментар