Граѓаните на Македонска Каменица пијат чиста и здрава вода за пиење – резултати од спроведените анализи на вода од 27 јануари 2025 година
Македонска Каменица, 28. Јануари 2025 година – Јавното претпријатие “Камена Река” ги известува граѓаните на Македонска Каменица, дека спроведени анализи на водата за пиење во општина Македонска Каменица покажуваат позитивни резултати, кои потврдуваат дека нашиот водоснабдителен систем обезбедува чиста и здрава вода за пиење.
Анализите, во стандардна и редовна процедура, постојано се вршат во Центарот за јавно здравје, а резултатите од истите потврдуваат дека водата е безбедна за пиење и користење. Сите параметри на квалитетот на водата се во рамките на законски утврдени стандарди, што значи дека граѓаните на Македонска Каменица можат да бидат сигурни во здравствената исправност и безбедност на водата што ја користат.
Јавното претпријатие “Камена Река” и Општина Македонска Каменица, ќе продолжат континуирано да се залагаат за унапредување на квалитетот на услугите и постојано да инвестираат во подобрување на инфраструктурата за водоснабдување, обезбедувајќи ги највисоките стандарди на квалитетот на водата за пиење.
За сите дополнителни прашања граѓаните на Македонска Каменица можат да се обратат до Јавното претпријатие Камена Река или во Општина Македонска Каменица, каде можат да ги добијат потребните информации.
Во прилог Извештаите од извршените тестирањата и спроведените анализи на примероците со водата за пиење од Центарот за јавно здравје земени од каптиран извор на вода и градските чешми во Македонска Каменица:
