ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ДРУГИ ФОРМИ НА ЗДРУЖУВАЊЕ – КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА ЗА 2024 ГОДИНА

Општина Македонска Каменица ги известува невладините организации, здруженија на граѓани и фондации, спортски клубови, како и други форми на здружување – корисници на средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2024 година, дека треба да достават финансиски извештај за искористените средства кој ќе ги содржи неколку задолжителни делови:

Наративен дел

– Во наративниот дел корисниците на средства потребно е да ги опишат реализираните активности  и проекти, учества во општински, регионални и национални лиги, државни и меѓународни турнири, остварените спортски резултати, бројот на членови во клубот, заеднички проекти со Општина Македонска Каменица и слично.

Финансиски дел

– Финансискиот дел треба да содржи детален приказ за потрошени средства поткрепен со соодветна документација.

Извештајот може да се достави до Архива (соба бр.1) на Општина Македонска Каменица најдоцна до 04 февруари 2025 година или на е-адресата на Општина Македонска Каменица: opstina@makedonskakamenica.gov.mk.

Поднесениот извештај на корисниците на општинските буџетски средства е услов за користење на средства Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година.

2025-01-30_001

 

Сподели

Остави коментар