
Се известува засегнатата јавност дека на веб-страницата на Центарот за развој на Источен плански регион, е објавен Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион, изработен во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).
Документот е достапен на следниот линк:
По Нацрт-извештајот, сите заинтересирани лица можат да доставуваат забелешки и коментари најдоцна до 26.06.2026 година на следните електронски адреси:
Воедно, Ве информираме дека Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион е достапен и во печатена форма во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион – Штип, на адреса:
ул. „Ванчо Прке“ бр. 119, 2 кат, 2000 Штип.
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, институции и правни субјекти да се запознаат со содржината на документот и да го искористат правото за доставување свои мислења, предлози и забелешки.