Поднесени апликациите со проекти до Министерство за локална самоуправа за финансиска поддршка од Владата

Во текот на вчерашниот ден, до Министерството за локална самоуправа ги доставивме проектите за финансиска поддршка од Владата.

Општина Македонска Каменица аплицираше со проекти за:

– Изградба на улица Питу Гули
– Целосна реконструкција на дел од главен пат до Ситновско маало во Стара Каменица

Оваа поддршка, за нашата локална самоуправа ќе овозможи реализација на проекти со кои ќе задоволиме елементарни потреби на граѓаните. Нашето работење го насочуваме кон подобрување на локалната инфраструктура со спроведување на проекти кои имаат позитивно влијание и значење за целата локална заедница.

Однапред изразувам јавна благодарност до премиерот, Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински кои даваат силна поддршка за единиците на локалната самоуправа.

Сподели

Остави коментар