Јавен повик до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители, за доставување на барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година

Врз основа на Програма за активностите на Општина Македонска Каменица во областа на социјалната заштита во 2025 година бр.08-1604/1 од 16.06.2025 година, Правилник за остварување на еднократна парична помош на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители бр.09-1847/1 од 24.09.2024 година и Правилник за измена на Правилникот за остварување на еднократна парична помош на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители бр.09-1696/1 од 25.06.2025 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

            Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски упатува Јавен повик до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители, за доставување на барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година.

За остварување на финансиската помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година, потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со следните документи во прилог:

-Фотокопија од важечка лична карта (или фотокопија на извод од матична книга на родени доколку се работи за малолетни лица);

-Потврда од Министерство за труд и социјална политика за деца без родители и самохрани родители;

-Изјава заверена кај Нотар за еднородителски семејства;

-Потврда за примена плата во последните три месеци пред поднесување на барањето ( или чек  од последната пензија );

-Потврда од АВРМ, за невработени членови на семејството;

-Доказ од Управа за јавни приходи, на пријавени или остварени приходи (лични и за членовите на потесното семејство) за претходната година;

-Фотокопија од трансакциска сметка.

Јавниот повик се однесува за лица жители на Општина Македонска Каменица.

Потребната документација може да се достави до Архива на Општина М.Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.

Правилник за остварување на еднократна парична помош на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители бр.09-1696/1 од 25.06.2025 година.
Барање еднородителски,, деца без родители, самохрани родители.

 

Општина Македонска Каменица
Градоначалник,
Димчо Атанасовски

 

 

 

Сподели

Остави коментар