Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година и Одлука бр.08-1447/1 од 24.07.2023 година за измена и дополнување на Правилникот, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
1.Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2025 година и согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани бр.08-1300/1 од 30.06.2023 година и Одлука бр.08-1447/1 од 24.07.2023 година за измена и дополнување на Правилникот, упатува Јавен повик до сите заинтересирани здруженија на граѓани, за доставување барање за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година.
Јавниот повик се однесува за здруженија на граѓани чие седиште е на територијата на Општина Македонска Каменица.
2.Сите заинтересирани правни субјекти од точка 1 кои сакаат нивните активности да бидат финансиски поддржани од Буџетот на Општина Македонска Каменица, потребно е да достават барање до Општина Македонска Каменица.
3.Со барањето здруженијата на граѓани кои ќе се пријават на јавниот повик кон пријавата треба да достават:
- тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал);
- годишна програма за активности во тековната година;
- извештај за искористени средства од Општина Македонска Каменица за претходната година (доколку користеле средства);
- профил на организацијата со листа на досега реализирани проекти;
- предлог-проект;
- изјавa од одговорното лице на здружението дека за истиот проект нема одобрено или добиено финансиски средства од други институции или организации.
Пријавата и потребната документација се доставува до архивата на Општина Македонска Каменица, по пошта или во електронска форма.
Пријавата и документацијата здруженијата на граѓани се доставуваат во затворен плик со ознака ,,Не отварај* и си назнака ,, за јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани,,.
Пријавата се доставува во еден примерок кој треба да биде потпишан од одговорното лице на здружението.
Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk ; www.makedonskakamenica.gov.mk
со назнака ,,за јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани.
Рокот за пријавување изнесува 7 дена од денот на објавата на повикот.
Линк до Јавниот повик: javen povik 2025-04-23_001