Работилница за креирање на родово одговорни локални програми за 2025 година

Денеска и утре, во просториите на општина Македонска Каменица се одржува Работилница за креирање на родово одговорни локални програми за 2025 година.

Во воведната сесија од работилницата од страна на Гордана Несторовска -експерт во областа на
родовите прашања, ангажирана како менторка од страна на UN Woman, беа истакнати целите на работната средба, основните родови поими и концепти. Тука беа разголедани и одговорностите на јавниот сектор во промоција на еднаквоста и унапредување на родовата еднаквост на локално ниво.

На работната средба, од страна на менторите на UN WWoman со вработените во ЕЛС Македонска Каменица и претставници од Советот на општината, ќе бидат опфатени и циклусите за родово одговорните политики, клучните принципи за РОБ на локално ниво и повеќе нотирани точки за одговорно родово буџетирање во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината.

Претходно, претставничките на UN Woman, Гордана Несторовска и Бранка Минчева – експерти во областа на
родовите прашања ангажирани како менторки од страна на UN Woman остварија работна средба со градоначаникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски каде беше разговано за Меморандумот за соработка, како и
обврските на општините кои произлегуваат од ЗЕМ и другите национални документи. Значењето на водењето на родова статистика, Улогата на КЕМ и на интерсекторската група, како и за потребите на општината за градење капацитети за родово одговорно буџетирање и подготовка на стратешки документи за родова еднаквост.

 

Сподели

Остави коментар