Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните дека, во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, започнува процес на одржување на Буџетски форуми за креирање на Буџетот за 2026 година.
Буџетските форуми претставуваат механизам за вклучување на јавноста во процесот на планирање на буџетот, со цел обезбедување поголема комуникација, учество и придонес од страна на месните заедници, бизнис секторот, граѓанските организации и сите заинтересирани граѓани.
Во продолжение термините и локациите за одржување на форумските сесии со целните групи на граѓани:
20 ноември
- Зелен буџет – 18:00 часот, Сала за состаноци во општината
-
Дигитален форум – 20:00 часот
24 ноември
- Дулица – 17:30 часот, Подрачно училиште
25 ноември
- Бизнис заедница – 18:00 часот, Ресторан „Златина“ Македонска Каменица
27 ноември
- Луковица – 17:30 часот, Подрачно училиште
- Тодоровци – 18:30 часот, Месна заедница
29 ноември
- Косевица – 17:30 часот, Месна заедница (Кај школото)
- Костин Дол – 18:30 часот, Подрачно училиште
1 декември
- Саса 1 – 17:30 часот, Подрачно училиште
- Саса 2 – 18:30 часот, Месна заедница
2 декември
- Цера 1 – 17:30 часот, Подрачно училиште
- Цера 2 – 18:30 часот, Подрачно училиште
3 декември
- Каменица – 18:00 часот, Сала за состаноци во општината
- Културен буџет – 19:30 часот, Сала за состаноци во општината
04.12.2025
- Моштица 1 – 17:30 часот, Месна заедница
- Моштица 2 – 18:30 часот, Подрачно училиште
5 декември
- Отчет и транспарентност за претходен буџет 2025 година – 17:30 часот, Сала за состаноци во општината
На форумските сесии, граѓаните ќе бидат запознаени со реализацијата на буџетот на Општина Македонска Каменица за тековната година, како и со можностите за учество во утврдување на приоритетите и насоките за развој во Буџетот за 2026 година.
Општина Македонска Каменица ги повикува сите жители, здруженија, бизнис субјекти и претставници на институции да присуствуваат на Буџетските форуми и со своите предлози да дадат придонес во процесот на креирање на буџетските програми и проекти од значење за локалниот развој.
Доколку има промени во термините и локациите за одржување на форумските сесии, граѓаните ќе бидат благовремено известени.
